Бившиот хрватски премиер Санадер доби 2,5 години затвор за воено профитерство

Хрватска– Поранешниот премиер на ХДЗ и претседател Иво Санадер е осуден на 2,5 години затвор за воено профитирање.

Според судијата, Санадер ја искористил својата позиција и извршил дела на злоупотреба на службената положба и воено профитирање. Тој е осуден на две години и шест месеци затвор, а времето поминато во притвор ќе биде вклучено во казната. Исто така, Санадер треба да врати 3,6 милиони куни (околу 486 000 евра) во хрватскиот буџет, колку што стекнал незаконски.

„Оваа пресуда е преседан бидејќи е прва пресуда за воено профитирање”, рече судијката Галешиќ.