Бившата на Сталоне Бриџит Нилсен по петти пат ќе стане мајка

Данска– Данската манекенка и актерка, Бриџит Нилсен (55) , најпозната по улогите во филмовите „Ред Соња“ и „Роки 4“ објави на својот Инстаграм профил дека таа и нејзиниот сопруг Матија Деси наскоро ќе добијат дете.

-Семејството се проширува, напиша Бриџит на фотографијата на која го покажува својот стомак.

Русокосата која го освојуваше модниот свет во средината на 80-те години со Матија е во брак од 2006.

Таа зад себе има четири брака, меѓу другото и со познатиот актер Силвестер Сталоне кого го запозна на снимањето на филмот „Кобра“ во 1986. година. Таа има четири сина, кои веќе се возрасни.

Нелсон е позната по својот турбулентен живот, како проблеми со алкохолот, но и афера со Арнолд Шварценегер.