БЕСА на Гаши влегува во Владата

Скопското крило на БЕСА ќе стане дел од Владата, потврдуваат од партијата за „Независен весник“. Портпаролот Орхан Муртезани вели дека денеска имало средба меѓу Африм Гаши и премиерот Зоран Заев, при што се договорени најголем дел од работите.

„Околу ресорите ќе се проговара наредниот период, бидејќи тоа не е приоритетно. Во моментов, Македонија е во една фаза каде треба да се завршат процесите за членство во ЕУ и во НАТО, односно да се реши спорот за името со Грција, по што корист ќе имаат сите граѓани“, информира Муртезани.

Крилото на Гаши во Собранието е застапено со тројца пратеници, додека два има тетовското крило на Билал Касами, за кои, исто така, се шпекулира дека ќе станат дел од Владата.

Арменд Мурсели