Берлин: Нема членство во ЕУ по автоматизам за земјите од Западен Балкан

Нема да има автоматски влез за земјите од Западен Балкан во ЕУ на преходно утврден датум, изјави денеска портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт.

– Јасно е дека кандидатите за членство мора да спроведат уште многу реформи, изјави Зајберт во пресрет на утрешното објавување на стратегијата на Европската комисија за земјите од Западен Балкан.

Зајберт нагласи дека Берлин секогаш ја нагласувал неопходноста од поставувањето јасна перспектива за членство на запднобалканските земји во ЕУ, но дури откако ќе ги исполнат поставените услови.

– Пред нив има уште многу работа поврзана со темелните реформи на правосудството, конкурентноста и регионалната соработка, а пред се, пред влезот во ЕУ, треба да ги решат билатералните проблеми, додаде Зајберт.

Преходно денеска и известувачот на Европскиот парламент за Србија, Дејвид Мекалистер изјави дека 2025 година како термин за влез на Србија и Црна Гора во ЕУ е само „рамковен датум“, кој би требало да им даде нова динамика на реформските процеси.

Стратегијата на Европската комисија кон регионот насловена „Веродостојна перспектива на проширување за Западниот Балкан“ ќе биде претставена утре на пленарна седница на Европскиот парламент во Стразбур,