Берлин: Нападната муслиманка за носење бурка

Во Берлин денеска била нападната и вербално злоставувана 54-годишна муслиманка, која носела бурка, соопшти германската полиција.

Во една продавница, 28-годишна жена и пришла на муслиманката и и ја отргнала бурката од лицето и почнала да ја навредува. Нападнатата излегла од продавницата, но жената продолжила да ја следи и почнала да извикува пароли против странците, по што била приведена.

Минатата година, германскиот Парламент го одобри владиниот предлог да им се забрани на јавните службенички во училишта, судови и други институции да го покриваат лицето, додека антиисламските групи во Германија бараат таа забрана да се однесува на сите што го покриваат лице со шамија.