Бенитез започна преговори со Њукасл за нов договор

Менаџерот на Њукасл, Рафаел Бенитез, започна разговори со премиерлигашот за продолжување на соработката и рече дека следната недела ќе се одржат нови средби со раководните луѓе.

Шпанецот кој го презема Њукасл во 2016 година, има уште една година од неговиот сегашен договор.

„Разговарав со управата и повторно ќе разговараме следната недела. Добро е ако нештата бидат брзо решени. Не сакам да зборувам за моите амбиции“, рече Бенитез.

Њукасл попладнево од 16 часот игра со ВБА и со евентуален триумф над последнопласираниот тим ќе се зацврсти на средината на табелата во Премиер лигата.