Белгија ја совлада Англија за трето место на Мундијалот

Репрезентацијата на Белгија ја совлада Англија и го освои третото место на Светското првенство во фудбал во Русија. Белгија попладнево на стадионот во Санкт Петерсбург славеше во мечот против Англија со 2:0, со головите на Томас Муние во четвртата минута и на Еден Азар во 82 минута.

Белгија на Мундијалот веќе еднаш ја совлада Англија со 1:0 во групната фаза и го завршува првенството како најефикасна репрезентација со 16 голови.

Утре во Москва ќе се одигра и финалето на Светското првенство помеѓу репрезентациите на Франција и Хрватска.