Белгија затвора дел од засолништата за мигранти

Белгиската Влада објави дека одлучила да затвори една третина од местата во прифатните центри за мигрантите, односно од речиси 24.000, ќе се укинат седум илјади.

Белгискиот државен секретар за азил и миграција Тео Франкен истакна дека мерката е неопходна од буџетска гледна точка.

Затворањето ќе влијае врз центрите од отворен тип, каде мигрантите одат доброволно. Според Френкен, локациите на отворените центри биле привремено одобрени и ќе бидат затворени до крајот на годината.

Според најновите податоци на Европската комисија, Белгија според квотите на ЕУ досега прифатила 1.169 мигранти кои пристигнале во Италија и Грција. Во Белгија од Турција дсоега пристигнале 1.835 Сиријци, од вкупно 3.100 луѓе колку што Брисел вети дека ќе прифати.

Во Белгија лани пристигнале два проценти од мигрантите во ЕУ, а во последните две години азил побарале околу 14.000 луѓе, претежно Сиријци.