Белата куќа во новогодишно руво

САД- Оваа година темата е “Почитувани традиции“ и декорациите вклучуваат 53 новогодишни елки, 71 Божиќен венец, повеќе од 12.000 лампиони и слатка копија на Белата куќа од колачи со тежина од 90 килограми. Главното фоаје и хала се украсени со дрвја на кои се поставени кристални лампиони и лажен снег. Црвената соба има помало новогодишно дрвце и украс околу каминот. За украсувањето на Белата куќа во Вашингтон, беше задолжена првата дама Меланија Трамп.