Бебињата зачнати со ИВФ немаат зголемен ризик од малигни заболувања

Сите идни родители се загрижени, особено оние кои поминуваат низ процес за вонтелесно оплодување, за исходот на бременоста и здравствената состојба на детето.
Но, нова студија откри дека бебињата зачнати со вонтелесно оплодување немаат зголемен ризик од малигни заболувања во однос на другите деца.
„Овие резултати се охрабрувачки докази дека децата зачнати со ин витро немаат зголемен ризик од добивање рак или други болести“, вели авторката на студијата  Флора ван Левен.
Важно е да се истакне дека оваа студија која го испитува долгорочниот ризик од добивање рак кај децата зачнати со вонтелесно оплодување во споредба со оние во општата популација или со оние деца зачнати по природен пат, но чии мајки имале определени проблеми врзани за плодноста.
Студијата опфатила речиси 48.000 деца кои се следени во просек по 21 година. Од тие деца повеќе од 24.000 се зачнати со ИВФ методите, околу 14.000 се по природен пат, а речиси 10.000 се зачнати природно со помош на лекови за плодност, но не со ИВФ.
Во текот на периодот на следење, само кај 231 испитаник се развил рак. Земени се во предвид бројни фактори, па истражувачите заклучиле дека децата кои се зачнати со вонтелесна метода немаат зголемен ризик од добивање рак, пренесе Health24.
Студијата е објавена во магазинот Human Reproduction.