Бебе почина по пад од зграда во Скопје


Едногодишно бебе почина вечерва откако паднало низ скршен прозорец во зградата кај што живееле на улицата Архиепископ Доситеј во Скопје, неофицијално дознава „Фокус“ од извори во полицијата.

Според информациите на „Фокус“, детето со својата баба се симнувало по скалите на зградата, но во еден момент се отргнало од неа и низ скршениот прозорец на меѓуспратот паднало на висина од 2,5 метри. Тоа се здобило со скршеници на черепот и по операцијата во една од приватните болници им подлегнало на повредите.