Бебе починало во болница со скршеница на череп


Од болницата „Аџибадем Систина“ вчера околу 19:30 часот во полиција било пријавено дека било донесено 14 – месечно женско бебе со скршеница на череп и крварење во мозокот.

Како што е наведено во полицискиот билтен, бебето починало во 19:10 часот.

Неофицијално, како што медиумите објавија, бебето паднало од втори кат од зграда, па повредено било пренесено во болница, каде што им подлегнало на повредите.
Се работи на расчистување на случајот.