Баша: 16 февруари – денот кога народот ќе ја земе судбината во свои раце

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија Љуљзим Баша, која ја предводи обединетата опозиција, пред утрешните антивладни протести, упати апел до граѓаните за што поголема масовност за да се „ослободат од криминалната Влада, која секојдневно ги прави се посиромашни“.

– Албанците,обединети и одлучни ќе дојдат утре во Тирана. Денот 16 февруари е ден кога народот, кој бил ограбуван, предаден, заробен од една клика, која го осиромашува секојдневно, се крева за да ја земе судбината во свои раце, како и секој народ во Европа. Во Европа каде што сакаме да одиме, кога Владата е фатена крадејќи, таа ќе биде казнета:Крадците заминуваат во затвор. Народот нема да страда, напиша Баша на „Фејсбук“, објавувајќи фотографија од поранешен протест.

Тој е сигурен дека утрешните протести ќе бидат најмасовни досега и очекува да присуствуваат граѓани од сите делови на земјата.

На протестот ќе присуствуваат лидерите на сите политички партии од обединетата опозиција,но, не се предвидени нивни обраќања, туку ќе се обратат само обични граѓани.