Баша:Рама ги носи Сиријците во Албанија за Европа да ја заборави дрогата

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, изјави дека премиерот Еди Рама „си става сам вето за да донесе 600 илјади Сиријци во Албанија“ со надеж дека Европа ќе заборави на дрогата.

– Ги зема Сиријците за Европа да ја заборави дрогата и корупцијата на неговата влада. Албанија не ги исполни бараните задолженија од ЕУ и нема што да очекува на Самиот на ЕУ на 28 јуни.Германија,која се сметаше наш најголем поддржувач веќе ни го сври грбот,  обвини Баша од собраниската говорница.

Инкау, изјавата на заменик министерот за внатрешни работи на Албанија,Јулиан Ходај, дадена за германската телевизија ZDF,во врска со капацитетите на Албанија за прифаќање на емигранти,стана главна тема во медиумите, а остра дебата имаше и во парламентарната комисија за национална бебедност,кога опозицијата ја обвини владата дека „во земјата носи 600 илјади сириски бегалци“.

– Во прв ред Албанија ќе се претвори во место каде што ќе се соберат терористите. Она што го подготвува Еди Рама е трговија со луѓе. Ќе копнеете да видите албанско мнозинство. Повеќето ќе бидат Сиријци,Пакистанци, Ирачани, Иранци. Албанците ќе станат малцинство. Повеќе нема да има место за Албанците, рече демократскиот пратеник Фламур Нока,поранешен прв албански полицаец..

Неговата колешка од Социјалистичката партија, пратеничката Елона Ѓебреја апелираше во никој случај да не се создава паника за ситуација која не постоти и за која Владата јасно се произнела,дека нема да прифати 600 илјади бегалци.

Министерството за внатрешни работи во реакцијата наведува дека заменик министерот Хоџај бил изваден од контекст,бидејќи тој не кажал дека ќе бидат прифатени бегалци,туку направил симболика  дека Албанија има капацитет и оти еднаш веќе ја покажала својата хуманост „со прифаќање на стотици илјади косовски бегалци“.