Баша:Парлментот е уништен,ќе се мобилизираме за да го тргнеме Рама од власт

По напуштањето на собранската сала каде владејачкото мнозинство гласаше за новите министри, лидерот на опозициската демократска партја,Љуљзим Баша со остар тон изјави дека „со денешниот чин уништен е парламентот“.

-Ова е последователен акт на зграпчување на извршниот систем од страна на Еди Рама. Сега опозицијата ќе изврши целосна мобилизација на опозициските ресурси за соборување на премиерот Рама од власта,-порача Баша.

Според Баша земјата се наоѓа во вонредна состојба.

-Ја претставуваат неговата лична моќ заедно со олигарсите. Со денешниот чин беше уништено Собранието. За првпат по 28 години демократија опозцијата побара парламентарна дебата за вистината околу назначувањето на куклите и олигарсите на Рама. Опозицијата поднесе барање, ниту еден член од деловникот  на законодавниот дом не ја спречува опозицијата да се произнесе, туку само еден претседател на Собрание, киднапиран од психички крадец,кој се обидува да ги зачува кражбите,-обвини Баша.

За Баша, Владата,која дошла со гласовите на криминалот, до сега била во кома, а од денес е мртва.

-Секој ден поминат со Рама премиер е ден на криза, неговото заминување е во национален интерес. Кој е во служба на Рама е предавник на нацијата и на интересите на граѓаните и треба да се третира како таков. Ќе направиме потполна мобилизација на сите опозициски ресурси за да ги надминеме причините за оваа ситуација по секоја цена,- рече Баша во изјавата за медиумите.

Тој уште обвини дека за првпат по времето на диктаторот Енвер Хоџа премиер сака да биде и министер за надворешни работи,за најскапото, но и наслабо образование во Европа, криминалот во земјата а не ја заборави и подршката за жителите од населбата „Астир“, каде 300 домови треба да се урнат за реализација на проектот за изградба на големата обиколница во Тирана.