Бартомеу: Нејмар замина и нема да се врати

Шпанија – Претседателот на Барселона, Јосеп Марија Бартомеу, ја отфрли веројатноста за враќање на Нејмар.

Претходно, шпанските медиуми ги раширија информациите дека Бразилецот може да го напушти ПСЖ и да се врати на „Камп Ноу“.

– Нејмар си замина и нема да се врати. Неговото враќање не е планирано. Не добив никакви повици од неговиот агент. Немаше никакви состаноци. Тој донесе одлука за својата иднина, ПСЖ ја плати сумата за клаузулата и стана играч на францускиот тим. Не ни се допадна неговото заминување, изјави Бартомеу.

Бразилскиот фудбалер од Барселона направи трансфер во Пари Сен Жермен за рекордна сума од 222 милиони евра.