Барселона убедливо со 3-0 го победи Челси и се пласираше меѓу осумте најдобри во ЛШ

Барселона е последниот четвртфиналист во Лигата на шампиони, откако убедливо го победи Челси со 3-0 и со вкупни 4-1 се пласираше меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите.

Лионел Меси беше најзаслужен за елиминацијата на „сините“, со два гола и една асистенција до Усман Дембеле.

Претходно Баерн Минхен со 3-1 го победи Бешикташ и го потврди пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите.