Барселона влегува во битка за Марсијал

Едно од прашањата кое најмногу ги мачи фановите на Манчестер Јунајтед во пресрет на летниот трансфер е: „Каде Антони Марсијал ќе игра следната сезона?“
Младиот француски офанзивен играч не е задоволен од минутажата која му ја даваа менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо. Марсијал оваа сезона одигра 41 натпревар, учествуваше во постигнување на 21 гол за неговиот тим, но во повеќето од дуелите влегуваше од клупа.
„Газета дело Спорт“ откри дека веќе е воспоставен контакт меѓу претставниците на Јувентус и агентот на Французинот, и дека италијанскиот шампион е фаворит на обложувалниците за трансфер кај „старата дама“.
Сепак, „Дејли мејл“ објави дека за Марсијал, за кого Јунајтед пред три години плати 60 милиони евра, интерес пројавува и Барселона.
Каталонците, наводно, за него подготвиле над 70 милиони евра.
Во секој случај, не очекува интересно лето на „Олд Трафорд“, од каде доаѓаат најави за голема чистка со цел да се предизвика актуелниот шампион и градски ривал, Манчестер Сити, а поштеден нема да биде ниту најскапиот играч на тимот – Пол Погба.