Барди го продолжи договорот со Леванте

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го продолжи договорот со шпанскиот клуб Леванте.
Договорот на напаѓачот со тимот од Валенсија е до 2022 година со опција  да може да биде продолжен за уште две сезони.
– Многу сум среќен, овде се чувствувам одлично, се чувствувам како да сум дома, рече Барди по потпишувањето.
Македонскиот репрезентативец има одиграно за шпанскиот состав  вкупно 38 мечеви и постигнато 10 голови