Барбра Стрејсенд во новата песна го критикува Трамп: Не ме лажи

САД- Оскаровката Барбара Стрејсенд ја објави својата нова песна „Не лажи ме“ (Don’t Lie to Me), во која таа го критикува американскиот претседател, Доналд Трамп.

Текстот на песната алудира на слободниот став на Трамп кон вистината, односно на речиси 5000 илјади неточни или лажни тврдења што тој ги има направено откако стана претседател. Стрејсенд, исто така, вели дека американскиот народ е „на колена“ и дека сè што постигнале досега е уништено, обраќајќи му се на претседателот со зборовите: „Зарем не гледаш дека плачеме?“

Стејсенд е долгогодишен поддржувач на Хилари Клинтон и една од најгласните критичари на Трамп.

За својата најнова песна, таа изјави: „Оваа песна го отсликува она што во последно време ми ги преокупираше мислите, па едвај чекам да го споделам тоа со вас“.