Барак и Мишел Обама ќе бидат продуценти на Netflix

САД– Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, и неговата сопруга Мишел, потпишаа повеќегодишен договор со компанијата Netflix и ќе бидат  продуценти на некои идни филмови и серии.

Поранешниот претседател и неговата сопруга ќе имаат опција да продуцираат и документарни филмови, соопштија од Netflix.

Обама на своите соработници им соопштил дека со ова нема намера да води кампања против неговиот наследник во Белата куќа, Доналд Трамп.

Барак и Мишел Обама претходно основаа компанија под име „Higher Ground Productions“.