Банки доверители: „Енекод“ не е во можност да ги исплати платите во „Фени“

Банките доверители во „Фени Индустри“ преку соопштение информираа дека добиле маил од „Енекод“ во кој известуваат дека нема да бидат во можност да ги исплатуваат платите на вработените.

– Банките доверители ја информираат јавноста и вработените во Фени дека утрово добија маил од Рајчо Катсаров од Енекод, со кој покрај писмено доставување на понудата за превземање на Фени, известуваат дека во врска со поставениот предуслов од страна на банките доверители, нема да бидат во можност да ги исплатат платите на вработените во Фени, се вели во соопштението од банките – доверители.

Банките доверители претходно соопштија дека нивни релевантен соговорник може да биде само онаа компанија која ќе ги исплати двете заостанати плати за вработените и дел од доспеаните обврски кон банките.