Банкар на чело на Серија А

Банкарот Гаетано Микиче е нов претседател на италијанската фудбалска лига – Серија А. Тој ја доби поддршката од сите 20 клубови и доаѓа на местото на Маурицио Берета кој се пензионираше пред речиси една година.

Во тој период, функцијата претседател на најсилната италијанска лига ја вршеше привремено поранешниот претседател на локалната федерација, Карло Тавекио, а потоа и првиот човек на италијанскиот олимписки комитет, Џовани Малаџо.