Бангкок е најпосетен град во светот

Бангкок, Лондон и Париз се најпосетените туристички дестинации во светот според бројот на меѓународни посетители како што покажуваат резултатите од годинашната анализа Mastercard Global Destination Cities Index, која донесува листа со 162 најпосетени светски градови. Бангкок трета година по ред е лидер на листата со најпосетени градови во светот. Таму во 2017 година отишле 20,5 милиони посетители, а за годинава се очекува пораст од 9,06%.

Лондон е на второ место со 19,83 милиони посетители, а Париз е на трета позиција со 17,44 милиони интернационални туристи во 2017 година. Дубаи е на четврто место со 15,79 милиони посетители, а првата петорка ја заокружува Сингапур со 13,91 милиони туристи.

Во светот кој се карактеризира со пораст национализмот, меѓународните патувања имаат се поголемо значење – разбиваат бариери, шират хоризонти и имаат позитивно влијание на растот на стопанството. Водечките градови својата позиција ја должат на идеалната комбинација од бизнис и разонода, како и на силната локална култура.

Позитивните економски текови влијаеаја на пораст и на меѓународните патувања. Така, листата со десетте најпостени дестинации во 2017 година покажува раст на бројот на посетители во речиси сите топ дестинации. Исклучок е единствено Сеул, кој доживеа пад на бројот на туристи.

Втората петорка е составена од: Њујорк (13,3 милиони посетители), Куала Лумпур (12,58 милиони), Токио (11,93 милиони), Истанбул (10,70 милиони) и Сеул (9,54 милиони).

Прогнозата за 2018 година укажува на продолжение на позитивниот тренд во сите десет дестинации, а во Истанбул се очекува најголем раст на бројот на посетители од речиси 20%. Со околу 20 милиони меѓународни посетители кои преноќиле во Бангкок, градот останува на врвот на листата и проекциите раст во 2018 година покажуваат дека тешко ќе го надмине некој друг град. Интересно е дека посетителите се склони да преноќат во градот 4,7 ноќи и просечно дневно трошат 173 долари.

Разлики има и кога станува збор за износот кој посетителите го трошат во текот на престојот. Дубаи и понатаму е предводник на листата со дестинации според парите кои ги трошат туристите – таму посетителите во просек трошат по 537 долари дневно. Минатата година туристите потрошиле 29,7 милијарди долари.

Во листата со топ 10 дестинации по вкупната потрошувачка на меѓународните посетители во 2017 година влегоа и Мека во Саудиска Арабија, која се наоѓа на второ место, Палма де Мајорка во Шпанија и тајландскиот остров Фукет. Од најпосетените градови туристите најмалку дневно трошат во Истанбул – просечно по 108 долари.