Балотели се враќа во италијанската репрезентација

Марио Балотели по пауза од четири години се враќа во дресот на италијанскиот национален тим, по добивањето повик од новиот селектор Роберто Манчини.

Напаѓачот играше за четирикратниот светски шампион на Мундијалот во Бразил 2014 година, а неколку месеци потоа исто така, доби покана за учество во националниот тим, но отпадна поради повреда.

Манчини, кој работеше со Балотели во Интер и Манчестер Сити, официјално го повика голгетерот на Италија, а покрај него повика и пет нови играчи во тимот. Тоа се Емерсон Палмери, Матија Калдара, Даниеле Базели, Роландо Мандрагора и Доменико Берарди.

Италија не се квалификуваше за Мундијалот 2018 во Русија, па ќе игра контролни средби со Франција, Холандија и Саудиска Арабија.