„Балкан брас квинтет“ гостува во КИЦ во Софија

„Балкан брас квинтет“ гостува со свој концерт на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, на 27 Април (петок) од 18:30 часот. На концертот во Софија, квинтетот во состав Стојанче Косовски –труба, Гоце Цоневски – труба, Александар Гошев – Хорна, Јавор Костов – тромбон и Бајо Стаев – туба ќе изведе композиции од Владимир Џамбазов, Томислав Зографски, Џорџ Фридерик Хандел, Џорџ Гервиш, Жорж Бизе, Енио Мориконе…

Дувачкиот квинтет е плод на соработка на музичарите од Република Македонија и Бугарија и по нивни заеднички настапи во различни состави и ансамбли во двете земји се стигнува до создавање на брас квинтет во 2017 година.

„Балкан брас квинтет“ изведува композиции соодветни за нивниот состав, со што композициите од различни епохи и популарни жанрови се афирмираат, а исто така се презентираат и композициите напишани од балканските композитори на нивните концерти во Македонија, Бугарија и Србија. Со својот ансамбл тие допринесуваат за градењето на односите на соработка со сите држави од балканското соседство и за проширување на знаењата за творештвата на истакнати балкански композитори и културни вредности.