Баерн остана без Видал за битките со Реал

Баерн Минхен ќе биде без Артуро Видал до крајот на сезоната, потврдија официјално од германскиот шампион.
Видал ќе го пропушти полуфиналето во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, како и евентуално финале на турнирот во мај.
Чилеанскиот репрезентативец беше подложен на операција на коленото во Аугсбург.
Баерн веќе ја освои титулата во Германија, а тимот, предводен од Јуп Хајнкес, може да освои „требл“. За таа цел, тимот од „Алијанц Арена“ мора да го обезбедат Купот на земјата и да триумфираат во Лигата на шампионите.
Во меѓувреме, менаџментот на Баерн договори пријателски средби со Манчестер Сити и Јувентус во САД на крајот од јули. Баварците ќе играат со Сити на 28 јули во Мајами, а три дена претходно ќе се соочат со Јувентус во Филаделфија.
Големата турнеја на Баерн Минхен во САД  ќе биде помеѓу 23 и 30 јули.