Баерн М. без Алкантара на подолг рок

Фудбалерот на Баерн Минхен, Тиго Алкантара се повреди во синоќешниот натпревар со Андерлехт во Лигата на шампиони и го очекува подолга пауза.

„Алкантара има сериозна повреда на мускул и веројатно го чека пауза од неколку месеци“, соопшти Баерн М.

Во тешката победа над Андерлехт (2:1) се повреди и Арјен Робен, но тој веројатно нема долго да биде отсутен.

По деталните лекарски прегледи, баварскиот клуб ќе објави поточно колку време ќе треба да закрепнат двајцата играчи.