Баерн го отпушти Саша Ѓорѓевиќ

Српскиот кошаркарски стручњак Саша Ѓорѓевиќ беше отпуштен од функцијата тренер во Баерн Минхен, соопштија баварците.
Одлуката е донесена по една недела откако Баерн отпадна од
Еврокупот, по два последователни порази во полуфиналето од турскиот тим Дарушафака.
Баварците се лидери во Бундеслигата, па сезоната досега тешко може да се дефинира како неуспех, но според медиумите во Германија, меѓу Ѓорѓевиќ и извршниот директор на клубот, Марко Пешиќ имало сериозни тензии во изминатите недели.