Баерн во Фирмино гледа замена за Левандовски

Германскиот шампион Баерн е подготвен да го замени Роберт Левандовски со бразилскиот напаѓач од Ливерпул, Роберто Фирмино, доколку полскиот напаѓач го напушти баварскиот клуб.

За трансферот на Бразилецот, Баерн е подготвен да плати околу 100 милиони фунти.

Претходно, шпанските медиуми објавија дека 29-годишниот Левандовски паднал во сферата на интерес на Реал Мадрид.

Роберт Левандовски се пресели во Баерн Минхен од Борусија Дортмунд во 2014 година и оттогаш на 121 натпревар и постигна 100 гола.