Бабата се обидела да ги спаси децата од пожарот (Фото)

Извлечени се телата на мајката и четирите малолетни деца кои рано утрово загинаа во пожар во семејната куќа во Тетово, јави репортерот на „Независен весник“.

На местото на несреќата има полицајци, пожарникари, форезничари, насобрани се соседите и семејството на загинатите.

Мајката Фатиме Зулбеари (39) и нејзините четири деца на возраст од 6, 9, 12 и 14 години биле на горниот кат од куќата на улицата „Гоце Делчев“ во населбата Певчина во Тетово. На долниот кат биле бабата и дедото. Откако избувнал пожарот, бабата се качила по скалите на горниот кат, се обидела да ја отвори вратата. Дедото бил во лоша здравствена состојба.

Сопругот на Фатиме, магационер во приватна фирма, бил на работа кога му кажале за пожарот. Дотрчал со велосипед, но не знаел дека во меѓувреме се случила голема трагедија.

Фатиме била по потекло од скопски Сарај. Зулбеари биле сиромашно и чесно семејство.

(Г.А)

фото:Борис Грданоски