Ахмети: Собранието треба да ја донесе таа важна одлука за Договорот со Грција

Денешниот ден е важен за сите граѓани, за институциите, за демократијата. Денеска демонстриравме демократија, процес за влез во НАТО и ЕУ. Овој процес значи реформа за затворање на прашањето со Грција. Вечерва сакаме да кажеме дека Собранието треба да ја донесе таа важна одлука за Договорот со Грција. Ние ќе гласаме за. Во изборите во 2016 година кажавме дека сме за НАТО и сите сакаме да влеземе во НАТО и ЕУ. Ние затоа го добивме тој мандат за да влеземе во НАТО, затоа што друга алтернатива немаме. Референдумот е консултативен, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

На прашање што ако не се реализираат уставните измени, дали ДУИ е за предвремени парламентарни избори, Ахмети рече Македонија има многу поважни работи отколку предвремени парламентарни избори