Ахмети за евентуалното вклучување на двете „Беси“ во Влада: Не сум трговец на Бит Пазар

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска го коментира евентуалното вклучување на двете „Беси“ во владејачката коалиција. Ахмети рече дека ДУИ е сериозна партија и дека за да влезат во владејачка коалиција и двете „Беси“ треба да се консултираат и тие.

– Се разбира, ДУИ е многу сериозна партија и ние не сме гледачи, туку актер во политичката и одлучувачката област – рече Ахмети.

На прашањето дали ДУИ ќе напушти некое министерство за да им го отстапи на партиите што ќе влегуваат во владејачката коалиција, Ахмети одговара:

– Сега не сум трговец на Бит Пазар, ниту на Камениот мост да играм со Владата дали ќе дозволи министерство или не – истакна Ахмети.