Атлетико Мадрид со 3-0 го победи Марсеј во финалето од Лига Европа

Атлетико Мадрид со убедливи 3-0 го победи Марсеј во финалето од Лига Европа и по трет пат се закити со овој трофеј во второто по ранг натпреварување во Европа.

Антоан Гризман беше стрелец во 21-та и во 49-та минута, додека капитенот на Атлетико, Габи, погоди во 89-та минута.

Екипата на Диего Симеоне и пред натпреварот беше фаворит за освојување на овој трофеј, а на крајот и ја оправда фаворитската улога.