Атина поплавена, пријавена една жртва

 

Обилните дождови ги поплавија областите на Мандре, Неа Перамос и Мегара во близина на грчката престолнина Атина, при што едно лице загина, а повеќе луѓе беа заглавени во домовите и автомобилите, објави грчката агенција АНА.

“Правиме се што можеме да се справиме со овие проблеми. Добивме преку 160 повици”, изјави за грчката агенција портпаролката на противпожарната служба, Ставрела Малирис.

Речиси целиот град Неа Перамос е поплавен. Досега не сме виделе такво нешто“, изјави градоначалникот Григорис Стамулис пред медиумите, додавајжи дека во тек се операции за укажување помош на засегнатите граѓани. Некои од жителите на населеното место, биле принудени да се качат на покривите од нивните домови.

Вчера Грција прогласи вонредна состојба на островот Сими поради силна бура што ги оштети домовите на населението и доведе до пауза во снабдувањето со електрична енергија и вода.