Атина: Едно лице повредено од фрлена рачна бомба врз полициска станица

Едно лице е полесно повредено откако е фрлена рачна бомба врз полициска станица во Атина, сооопшти грчката полиција.

Одговорноста за нападот ја презеде група, која на ултралевичарски сајт се потпишпа само како „анархисти“.

Нападот се случи утрово пред зората, а повреденото лице е таксист.