Атина го обновуваше Карпош, сега треба да се возврати

Општина Карпош отвора два пункта за собирање донации за настраданите во Грција, еден во спортската сала на училиштето „Лазо Трповски“ и еден во спортската сала на училиштето „Владо Тасевски“. Граѓаните своите донации можат да го оставаат во периодот од 12 до 18 часот и од 10 до 14 за време на викендот.

Градоначалникот на општината Стефан Богоев апелираше граѓаните и фирмите да ја покажат својата хуманост и да донираат вода, конзервирана храна, средства за хигиена и за дезинфекција, како и пелени за бебиња.

„На денот кога одбележуваме 55 години од катастрофалниот скопски земјотрес, да се солидаризираме и да подадеме рака кон Атина, која во минатото придонела во обновата на Карпош. Улицата ‘Атинска’ е потсетник на хуманоста што Атина ја покажала кон Карпош. Сега е време ние да возвратиме“, рече Богоев.