Асенсио го напушта Реал

Офанзивниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио веројатно ќе го промени својот клуб по крајот на сезоната.
Огромен интерес за играчот за врска на „кралскиот клуб“ има од Ливерпул, а англискиот тим сака да го „резервира“ уште сега.
Интересот на Ливерпул кон Асенсио датира од пред три години, а во 2016 година дури Реал отфрли 50 милиони евра за својот фудбалер.
Дваесет и двегодишниот фудбалер има само еден старт оваа сезона за „лос бланкос“, а непостојаната форма навести негово напуштање на „Сантијаго Бернабеу“. Досега, Асенсио има постигнато 23 гола и 13 асистенции на 109 натпревари за „белите“ во сите турнири.
Шпанскиот репрезентативец има договор со 13-кратниот европски шампион до крајот на сезоната 2022/23.