Армани со голема изложба ја слави Модната недела во Милано

Италија– Славниот дизајнер Џорџо Армани организира голема изложба, во соработка со омилениот фотограф Сара Мун, со кој ја слави Модната недела во Милано која е во тек, по оние во Њујорк и и во Лондон. Целта на изложбата е да се слави едноставноста, препознатлива и кај двата автори и нејзиниот најсилен ефект. Ретроспективната изложба која ги опфаќа четирите декади од работата на креаторот, се организира во галеријата на Армани во Милано и ќе трае до 6 јануари.

-И двајцата уживаме да создаваме повеќе со помалку и да работиме со или без боја, вели Мун, која е пресреќна што Армани ја поканил и и ја дал слободата сама да ги избира делата.