Апелација го одбива Груевски, се бара и трето изземање

Четири часа одлучувување беа потребни за да се одбијат барањата на адвокатите на Никола Груевски и на Ѓоко Поповски за изземање на судечкиот совет и в.д. претседателката на Апелација. Но, наместо јавната расправа за случајот „Тенк“ конечно да се одржи, дојде ново барање: сега се бара изземање на судијата известител Тања Милева, затоа што му е сопруга на Игор Милев – кандидат за градоначалник на Радовиш од СДСМ, довчерашен член на Државната изборна комисија, а сегашен советник на директорот на Царинска управа. И ова барање беше одбиено. Зиков побара и трето изземање: овојпат на судијката Цветанка Периќ.
Груевски утрово се појави во Апелација, но нема ниту еден од неговите четири адвокати, кои се зафатени со други рочишта. Поради тоа, беше побарано одлагање на расправата, судечкиот совет на чело со Цветанка Периќ не дозволи, поради што адвокатот на Поповски, Стерјо Зиков во свое и во име на колегите побара нивно изземање.
Со првостепената пресуда, Груевски е осуден на две години затвор, а Поповски три пати повеќе за набавка на лукзусниот „мерцедес“ во Министерството за внатрешни работи.