Апелација ги одби жалбите: Мукоски останува во притвор

Апелацискиот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на пратеникот Крсто Мукоски и донесе одлука со која му го потврди притворот, информираат за МИА од Судот.

Жалбите, пак, на пратеничката Жаклина Пешевска и на Борис Дамовски се на мислење во Вишото јавно обвинителство, а во Апелацискиот суд се уште нема стигнато предмет за пратеникот Љупчо Димовски, на кого му беше продолжен куќниот притвор.