Анџелина Џоли во Париз: Првата дама на Холивуд се сретна со првата дама на Франција

Франција- Актерката и режисерка Анџелина Џоли (42) блескаше во прекрасни дамски изданија при посетата на градот на светлината. Џоли е посветена на хуманитарната работа ширум светот. Таа имаше и средба со првата дама на Франција Брижит Макрон за да ја дискутираат нејзината неодамнешна посета на Јордан, како и кризата во Сирија. На средбата актерката блесна во прекрасно дамско издание, со дизајнерски потпис.

Средбата следуваше по целодневната прошетка на Анџелина со нејзините деца низ Париз. Тие посетија низа фамозни места во градот на светлината, меѓу кои и музејот Лувр.