Минататa влада потроши 225 милиони евра на привлекување инвестиции

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на седницата за пратенички прашања изјави дека минатата влада предводена од ДПМНЕ потрошила 225 милиони евра, средства за привлекување странски инвестиции, но без никаков резултат, односно се поддржани 23 компании, од кои само 19 работат активно во Македонија.

– Крајно нетранспарентно беше доделувањето на субвенции на компаниите. Второто име на дискрецијата секогаш е корупција, рече Анѓушев.

Тој изјави дека новите мерки на оваа влада се транспарентни и дека компаниите ќе добиваат субвенции дури откако ќе покажат резултати.

– Мерките ќе бидат спроведени под два услови. Првиот е компаниите да покажат раст на приходите, а вториот услов е да не го намалуваат бројот на вработените, рече Анѓушев.

Вицепремиерот истакна дека секој кој ќе даде 50% поголема плата од просечната ќе добие поврат од 20% од нето платата назад.

Исто така Анѓушев кажа дека секоја компанија која ги исполнува двата услови ќе добие 10% назад од дадената инвестиција.