Анѓушев: Мизо е директор на странска инвестиција на која и дал 100 проценти ослободување од придонеси

Вицепремиерот за економски прашања на денешната седница за пратенички прашања, посочувајќи дека цело време се зборува за конфликт на интереси во државава, праша дали такво нешто не е тоа што Виктор Мизо, поранешен прв човек на Дирекцијата за техниолошко индустриски развојни зони, сега е директор на „Костел“, којашто, како што рече, е единствена компанија во државата која добила 100 проценти ослободување од социјални придонеси.

– Значи директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони кој е потписник на договор за тие што имаат 100 проценти субвенции и ослободување од придонеси денес да стане директор на таа компанија. Јас слушам доста гласини за конфликт на интереси во државава, ако ова не е конфликт на интерес, а можам да ви кажам и многу други примери, јас не знам што е, рече Анѓушев.

Според него, новите мерки на Владата со Планот за економси раст се транспарентни и направени по критериуми за да не се случи сценарио во кое ќе се финансираат желби, туку ќе се финансираат резултати утврдени со работењето на компаниите откако тоа ќе го покажат со завршна сметка ревидирана од овластена ревизорска куќа.

Со програмата на претходната власт за привлекување странски инвеститори, како што наведе, има одредени резултати, но потрошени се 225 милиони евра, во најголем дел за маркетинг, кампањи,…

– Добар дел се потрошени и корисно за правање бесцарински технолошки индустриски развојни зони, но поддржани се само 23 компании од кои работат само 19 со околу 20.000 вработени, но првовработени се само 6.000 до 7.000 а сите други се преземени од останатите компании со што е креирана нелојална конкуренција, рече Анѓушев, ветувајќи дека ќе нема разлика во поддршката кај македонските и странските инвститори, ниту пак тоа ќе биде со дискрециско право како во изминатите пет-шест години.

Нема да бидат поддржани, додаде, само компаниите кај кои државата потпишала договори со кои имаат 100 проценти и одреден процент неплаќање придонеси за здравствено, пензиско ..