Анѓушев до Ѓорчев: ФЕНИ работи, изгледа одамна не сте биле во Кавадарци


„ Фени работи. Ако не сте знаеле, а еве и јавно сега сакам да ве информирам дека Фени работи со полна пареа од 1 март. Сите вработени одат на работа и земаат плата. Прашање е, како во март 2016 година се отпишани како долг од 51 милиони евра и притоа Управата за јавни приходи не успеала ова да го провери и да не реагира фирмата како не доставила две години по ред завршна сметка.
Јас ве охрабрувам да одиме во Кавадарци, да видите како првпат во историјата на Македонија во стечајна постапка се исплатени 100 отсто од доверителите“ – одговори вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на неговиот коментар дека Фени никогаш не проработи.

Тој се осврна и на репликата која претходно кон него ја упати пратеникот Драган Данев.

„Вие толку не разбирате економија што Данев сакајќи да ме критикува, ме пофали. Рече дека 20 милиони евра должам за кредити. Не должам толку туку имам депозити, моите фирми должат, но имаат промет над 120 милиони евра. Тоа е 15 отсто од задолжувањето, со 15 отсто ги водам задолжени фирмите. Имаше убаво време во Македонија кога беше задолжена 20 отсто“ – рече Анѓушев на кој му следуваа само три минути за одговор на репликите.
На тоа контрареплицираше пратеникот Влатко Ѓорчев кој му порача:„Значи не ви беше лоша бизнис климата во претходниот режим“.