Анчелоти сака да се врати во Премиер лигата

Италијанскиот фудбалски стручњак Карло Анчелоти има желба да се врати во Премиер лигата. Тој чека понуда од најсилниот англиски шампионат, објавија италијанските медиуми.

Се шпекулира дека Анчелоти размислува за Арсенал и Челзи, клубови кои со голема веројатност ќе ги сменат менаџерите по завршувањето на сезоната.

Анчелоти беше вбројуван и во најтесниот круг на кандидати за селектор на италијанската репрезентација.

58-годишниот тренер е без ангажман по напуштањето на Баерн Минхен во октомври минатата година.