Антонио Тајани: Ве сакаме во ЕУ, но морате да работите напорно

Претседателот на Европскиот Парламент Антонио Тајани и порача на Македонија и на другите земји од регионот дека вратата на ЕУ е отворена за нас, но дека треба да се сработи уште.

„ Сите сте Европа, но ако сакате да станете членки на ЕУ мора да ги почитувате правилата. БЈРМ оди во вистински правец и ние ве поддржуваме во напорите“, рече Тајани.

Тој додаде дека ЕУ не стои и гледа туку се обидува да не турне.