Антибиотиците стануваат поопасни од ракот

Отпорноста на антибиотици секоја година покосува по 25.000 животи во земјите од Европска Унија и 700.000 животи ширум светот. Се проценува дека до 20250 година тоа ќе биде почеста причина за смрт од ракот, освен ако не се превземат драстични мерки.

Најзначајниот дел од напорите на ЕУ да го реши тој проблем е да ја сопре неодговорната употреба на антибиотици. Нивното прекумерно користење го забрзува развивањето на отпорните видови бактерии и ја смалува ефикасноста на лековите. Стручните лица сметаат дека тоа ја загрозува основата на медицинскиот систем.

Европската агенција на потрошувачи (БЕУЦ) проценува дека проблемот на отпорноста кон антибиотици расте со таква брзина што дури и вообичаените инфекции можат да станат смртоносни во следните 20 години.

Од БЕУЦ соопштија дека терапиите како што се трансплантацијата на матични клетки или коскена срж, хемотерапијата и другите терапии кои го слабеат имунолошкиот систем, на пример ревматидниот артритис или мултиплекс склерозата, ќе бидат невозможни без антибиотици.