Анкета: Меркел се попопуларна

Расте популарноста на германската канцеларка Ангела Меркел, којавлегува во последната фаза од својот мандат, покажуваат резултатите од најновата анкета на „Дојчландтренд“ по нарачла на „Велт“ и АРД.

Додека рејтингот на нејзината наследничка на лидерската позиција на Христијанско демократска унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каренбауер бележи пад.

Околу 52 проценти од Германците изјавиле дека се задоволни или многу задоволни од тоа како Меркел ја води земјата, додека 59 отсто од испитаниците изјавиле дека сакаат таа да остане на власт до крајот на нејзиниот мандат односно до 2021 година.

Популарноста на Крамп-Каренбауер во споредба со февруари е намалена за осум проценти. Таа во моментот има поддршка од 37 отсто Германци.

Анкетата покажува и дека ако Германците викендот би избирале влада, владејачката коалиција не би освоила мнозинство бидејќи ЦДУ/ЦСУ (Христијанско социјална унија) би освоиле 29 проценти од гласовите, а Социјалдемократска партија на Германија (СПД) – 17, што заедно би изнесувале 46 отсто.
Од друга страна евентуалната коалиција ЦДУ/ЦСУ, Зелените и либералите заедно би освоиле 56 проценти од гласовите.