Англија доби голем удар пред битките со Чешка и Црна Гора

Дефанзивецот Трент Александар-Арнолд беше повреден и отпадна од составот за квалификациите на Англија за ЕП 2020, потврди Фудбалската асоцијација.

Тој се опоравува побрзо од очекуваното, но нема да биде подготвен за мечот со Чешка утре и за средбата со Црна Гора три дена подоцна.

Александар-Арнолд се врати во Ливерпул за да продолжи со рехабилитацијата. Сé уште не е познато дали менаџерот на англискиот национален тим, Гарет Саутгејт, ќе повика заменик на негово место.

Англија е во групата „А“ во квалификациите за ЕП 2020, каде што се екипите на Бугарија и Косово.

Првото и второто место во групата гарантираат учество на Европското првенство следната година.